Image Добредојдовте Третмани за тело Третмани за лице Фризерски услуги Контакт и локација Реклама 2

Лифтинг маска

Ова е динамично време на секојдневни стресови и потребно е барем еднаш во месецот да посветите внимание на своето лице. За да биде млада, чиста и здрава, кожата на лицето треба да биде постојано негувана. Резултатите од редовната и правилната нега на вашето лице, навистина пријатно ќе ве изненадат. Затоа ви предлагаме еден од многуте биочошки третмани за лице, каде што за само два часа вашето лице ке се ревитализира, регенерира и подмлади. Во светот на козметиката, денес се појавија многу биолошки третмани за лице: американски третман-оксижен лифтинг со алги, третман со чист кислород, третман со витамин Ц, третман со овошна или гликолна киселина - АХА, третман со грејпфрут и алоја, третман со ајкулина рскавица, хромоаромотерапија и други.

Најнов третман за лице е лифтинг на лице т.н. нехируршки лифтинг на лице. За прв пат минатата година се појави овој третман во облик на маска, која делува на сите типови на кожа. На тој начин што оваа маска не делува само на површинскиот дел на ложата, туку и на малите мускулни делови на лицето. Од истата козметичка куќа би сакале да ве запознаеме и со еден исто така исклучително квалитетен препарат кој беше промовиран на конгресот за козметика и фризерај во Лондон. Третманот е наречен лифтинг за очи и трае 10 часа.

Во изминатите триесет години, истиот се применувал во филмската индустрија од страна на професионалните шминкери. Овој препарат има уникатна формула, а едно негово пакување се употребува за околу 100 апликации. Резултатите се навистина зачудувачки. Едноставно ги брише брчките, подочниците, отоците... Очите, потоа, изгледаат толку убаво, а површината околу нив затегнато, како да сте примениле пластична операција. Верувам дека овој третман на нехируршки лифтинг за очи, ќе може да ви биде спас ако сте уморни, а сакате да изгледате убаво и свежо.

Наша препорака


ЕКСКЛУЗИВНО!!!
третман на лице и тело со BABOR козметика


НОВО! Липосукција без хируршки зафат

Холивудски третман

Бенда завои

Масажа

Биолошки тртман

Лифтинг маска

Третмани за нокти

Третмани за лице|Третмани за тело|Маникир и педикир|Контакт со нас|

Devoleped by InfoCentar
Skopje, Maj 2008