Image Добредојдовте Третмани за тело Третмани за лице Фризерски услуги Контакт и локација Реклама 2

Фризерски услуги

Фарбање и прамени на косата

Пред се за здрава и квалитетна коса најпотребна е правилна исхрана богата со цинк и витамин Б. Ако сакаме да имаме здрава и убава коса треба да ја негуваме. Под негување се подразбира косата да биде редовно скратувана од 1 до 2 цм. да се освежува со маски кои и даваат живост на косата, ја прават сјајна, мека и еластична. Ампулите најчесто се употребуваат за регенерирање на косата. Ампулите се употребуваат за различни намени за оштетена коса, против опаѓање, против перут, за масна коса, за ревитализација и др. Ампулите се користат еднаш неделно, зависи каква е намената. Најголемо внимание треба да се обрне во летниот период, бидејќи сонцето е штетно и ја суши косата, а такво штетно влијание врз косата има и загадениот воздух и затоа во летниот период се препорачува почесто миење на косата со поблаг шампон, за да се отстрани нечистотијата, а со тоа ја заштитуваме косата од оштетување.

Исто така треба да ја премачкуваме со силиконски капки со масло за коса збогатено со некој витамин. Во летниот период не треба често да се фарба и бланшира косата, затоа што од капењето и од штетните сончеви зраци косата осветлува и е безживотна. Во овој случај косата не треба да се бои туку да се употребуваат пени во боја со витамини за да делува косата сјајна, здрава и убава. Во летниот период најмалку треба да се размислува за изработување на минивал, бидејќи киселината го суши влакното и од сонцето влакното пука и се оштетува. како совет најубаво е да се користат маските, ампулите, силиконските капки, маслото и балансер распрскувач кој многу го храни влакното.

Надградба на коса

Не може а да не се спомне надградбата на коса (од кратка-долга, од ретка-густа) која се повеќе се усовршува, а ние сме тука да ги донесеме последните методи и најквалитетната коса, мека како свила и лесна за одржување... згуснетете ја и продолжете ја косата... Зголемете го вашиот капитал-вашата убавина. Во последниве две години надградбата на коса стана и остана голем хит, кој се чини, годинава ќе биде актуелен. Моделите на косата што ке ја вметнете кај вашата природна коса се се поразновидни. Тоа можат да бидат парчиња кои што се големи (со големо количество коса), помали или сосема мали, кои се вметнуваат како шатирани. Имате избор, надоградбата да биде потрајна, 12 месеци или да го направите тоа за една пригода.

Најзастапена техника на надогрдба е техниката со употреба на каротински капсули, кои со специјален апарат се лепат до коренот на тенко парче од вашата коса. Капсулите воопшто не и штетат на вашата коса. Со растењето на вашата коса, по 7-8 месеци, истите парчиња се подигаат или може да се искористи вашата коса за да се направат парчиња за вметнување. Може да изберете парчиња од природна коса или вештачки влакна во различни бои и форми, прави кадрави, афро...

Термошишање JAGUAR

Овој вид на шишање Ви го препорачуваме на сите зато што стрижењето со обични ножици косата останува распукана, а со термо стрижењето врвовите се заваруваат и со тоа косата не цвета, а во нејзината структура од коренот до врвот остануваат природните масла и влага. Косата станува посјајна, со поголем волумен, поздрава, сама се регенерира и обновува. Значи накратко - ќе имате поздрава и посјајна коса.

Наша препорака


ЕКСКЛУЗИВНО!!!
третман на лице и тело со BABOR козметика


НОВО! Липосукција без хируршки зафат

Холивудски третман

Бенда завои

Масажа

Биолошки тртман

Лифтинг маска

Третмани за нокти

Третмани за лице|Третмани за тело|Маникир и педикир|Контакт со нас|

Devoleped by InfoCentar
Skopje, Maj 2008