Image Добредојдовте Третмани за тело Третмани за лице Фризерски услуги Контакт и локација Реклама 3

Воспоставувањето емотивна рамнотежа

Масажа со цветни есенцијални масла

Масажа со цветни есенцијални масла Постои комплетна техника која делува на воспоставувањето емотивна рамнотежа и внатрешно задоволство, па соодветно на тоа на изнаоѓањето на хармонијата на телото и новата убавина.

Станува збор за емоционална масажа-посебен вида на третман за моделирање на телото со точно одмерени зафати. Новост во таа масаже се токму цветните есенции кои можат да влијаат на рамнотежата на духовните состојби, но и на физичките потреби на секој поединец.

Третманот на емоционалната масажа е можност на сопствената кожа да ги испробате моментите на длабоко опуштање на умот и телото. Тоа е начин истовремено да се пронајдете себе си и да ја подобрите формата: масажата делотворно ги отстранува задршките на течности во вашето тело, но влијае и на болките во грбот или опуштањето на згрчените мускули кои можат да бидат последица од емотивната нерамнотежа, вознемиреност и сл. Истиот овој вид на масажа делува на емотивните промени и му носат на телото видливи и брзи физички подобрувања. Во прв поглед го намалува стресот: контактот со рацете на масерот кои ги пронаоѓаат болните точки и ги деблокираат донесува длабоко опуштање на целото тело.

Ја смалува отеченоста и надуеноста на нозете. Веќе после неколку третмани од телото се отстрануваат прекумерната течност и видливо се истенчува фигурата. Масажата силно делува на дренажата и го потпомага отстранувањето на штетните состојки од ткивото. Масажата го потпомага и држењето. После третманот ќе се чуствувате полесно и поопуштено, и ќе исчезнат болките од грбот, вратот и рамената предизвикани со стресот. Со употреба на цветните есенции се ослободуваат воздржаните чуства, што помага да ги надминете негативните влијанија на телото и умот.

Наша препорака


ЕКСКЛУЗИВНО!!!
третман на лице и тело со BABOR козметика


НОВО! Липосукција без хируршки зафат

Холивудски третман

Бенда завои

Масажа

Биолошки тртман

Лифтинг маска

Третмани за нокти

Третмани за лице|Третмани за тело|Маникир и педикир|Контакт со нас|

Devoleped by InfoCentar
Skopje, Maj 2008