Тело

Линија, Нега и Здравје
//: повеќе

Лице

Беспрекорност и Убавина
//: повеќе

Коса

Стил, Тренд и Новитети
//: повеќе

Салони

Скопје, Битола и Охрид
//: повеќе

Што е

Ново?

//: повеќе

Во самиот центар на Скопје, спроти Арапска куќа,е сместен најдобриот македонски салон за убавина Silhouette. Во нашите 20 години успешна работа ние постојано држиме чекор со светските трендови за убавина. Ние сме редовни посетители на најпознатите семинари и конгреси за убавина во светот, учиме, се надградуваме, ги следиме трендовите и ви ги правиме достапни најдокажаните и најефективните иновации од светските центри на убавина како Италија, Англија, Франција, Америка.

 

Нашиот салон прави спој на најсовремена светска технологија и обучен персонал.

 

Салонот располага со над 50 видови апарати со повеќе функции и програми кои опфаќаат третмани на лице, тело и коса, кои во рацете на нашиот едуциран и високостручен персонал прават вистински чуда и не само што ги остваруваат, туку и ги надминуваат вашите соништа за убавина. Третманите кои ви ги нудиме од вас ќе направат олицетворение на убавината. Тука се:

 

   - третманите за тело кои ќе ја оформат, затегнат и зацвстат вашата силуета, доведувајќи ја во формата којашто отсекогаш сте ја замислувале;

   - третманите за лице доведуваат до истите ефекти што се постигнуваат со пластична хирургија, со тоа што тие се целосно безболни, пријатни и на вашето лице ќе му го дадат посакуваниот младешки изглед;

   - третманите за коса ќе ви ја дадат вашата коса од соништата: погуста, подолга, со беспрекорна боја и форма, со сјај и совршеност којшто секој ќе ги забележи и

   - останатите третмани за убавина, кои ќе направат секој дел од вашето тело да заблеска: нокти со посакувана должина, форма и боја, трајна шминка, нежни раце и негувани стапала, како и мазна кожа без влакна.

 

Од големата палета на третмани коишто ви ги нуди Silhouette,можете да направите избор на третмани кои ќе ги добивате паралелно, со што зачително ќе заштедите на време, а ќе добиете на убавина.

 

Нашиот стручен персонал е тука да ве посоветува доколку не сте сигурни кој третман најмногу би ви одговарал вас или на вашиот партнер, кој исто така можете да го донесете со себе, затоа што Silhouetteнуди третмани и за мажи.  

 

Silhouette е тука да го оствари вашиот сон, да ве направи жената којашто посакувате да бидете и од насмевката на вашето лице да зрачи самодовербата што само беспрекорната убавина може да и ја овозможи на една жена.

Понуди на

Неделата

Што е Ново?